Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари субвенции исплатени на тутунарите за реколтата 2025, Владата продолжува со силна поддршка за земјоделството

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година. Оваа исплата не е само финансиска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија.

Реклама

За разлика од Владата предводена од СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДСМ и ДУИ исплатиле за 3 години.

Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата.

Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија.

За разлика од времињата кога на власт беа СДСМ и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец.

Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието.

Македонија забрзува!