Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е партијата која ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравство

СДСМ нема право да зборува за здравството, СДСМ за нивните 7 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ нема право да зборува за здравството, СДСМ за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ имаше низа скандали, како на пример Онкологија каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. СДСМ имаше низа скандали во здравството со матни тендери, заглавување на штипската болница и уништување на Детската кардиохирургија.

Филипче дозволи изградба на модуларни болници без стандарди, а кога трагично изгореа пациенти, тој ја обвини техничката опрема.

Реклама

Под водство на Филипче, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици па беше вратен на работа, а болниците останаа без основни лекови. Македонија стана држава со најголема смртност за коронавирусот, додека апарати не се користеа.

СДСМ за време на пандемијата наместо транспарентност и решенија, го оптовари здравствениот систем со неефикасни протоколи и сомнителни договори за вакцини.

СДСМ беа неспособни и неодговорни. СДСМ го претвори здравствениот систем во поле за лична корист, и ги игнорираше последиците врз животите на граѓаните.

Филипче, како сегашен лидер на СДСМ, ја симболира онаа неказнивост која беше присутна за нивните 7 години.

Наместо да понесе одговорност, тој остана на врвот на СДСМ, иако како министер ги загрозуваше животите на граѓаните преку коруптивни набавки.

СДСМ здравството го претвори во систем каде што имаше ниски плати, недоволна мотивација и отсуство на реформи што придонесе масовно иселување на лекарите и медицинскиот персонал“, потенцираат од партијата.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на враќање на довербата во здравството преку транспарентност и отчетност. ВМРО-ДПМНЕ ги става граѓаните на прво место, а активно работи на подобрување на условите за работа на здравствените работници, додава ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на заздравување на здравствениот систем, а пораката е јасна, дека секој кој го злоупотребил здравството ќе биде ставен под лупа на законот. Време е за темелна ревизија и правна одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.