Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на Марковски компани додека 600 000 граѓани живееja со 150 денари на ден

Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите блиски смислуваа начини и формираа мрежи од фирми за да испумпаат државни средства. Милионски суми од државниот буџет завршија во џебовите на фирми блиски до кланот Заеви. Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

03.10.2023 година, направена е рамковна спогодба за ископ на јаловина на РЕК со Марковски компани во вредност од 25 милиони евра, во која подизведувачите ќе заработат 10% или 2,5 милиони евра.

Како подизведувачи на овој ископ на јаловина, се појавуваат фирмите „Сим Инженеринг’’ и „Јавор транс“, кои се во сопственост на Симеон и Горан Крстеви.

Реклама

Симеон и Горан Крстеви се луѓе блиски на Зоран Заев, кои со него беа уште од аферата Глобал.

Намерно не биле главни изведувачи за да не се забележат, но сепак парите од државните тендери завршиле директно кај нив. Ова е само еден од начините како парите од Марковски компании биле канализирани до Заев и неговите блиски.

Овие две фирми подизведувачи само од еден тендер заработиле 5 милиони евра.

Овие криминални шеми се директна злоупотреба на јавни средства и пари на граѓаните.

Затоа на 19 октомври СДС ќе доживеат дебакл, народот со заокружување на бројот 9 ќе се спротистасви на корупцијата, злоупотребите и криминалот и ќе даде шанса на оние кои работат чесно и за народот а не за сопствени интереси.

Со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!