Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија меѓу топ 30 земји во светот за сајбер-безбедност, резултат на системските политики и закони на Владата

Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е рангирана на 30 место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, што претставува значаен напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање од 2023 година, кога земјата се наоѓаше на 59 место, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

Со освоени 84,17 поени, Македонија денес е меѓу 30-те најдобро рангирани земји од вкупно 155 држави опфатени со индексот, кој го изработува естонската Академија за е-управување.

Овој резултат е потврда дека Македонија се движи во вистинска насока и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен, организиран и системски пристап кон сајбер-безбедноста.

Реклама

Еден од клучните чекори во тој процес е воспоставувањето нова законска рамка, со која јасно се дефинираат надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи.

Со новите решенија се воспоставуваат конкретни правила за управување со сајбер-ризиците, се воведуваат обврски за пријавување безбедносни инциденти и се зајакнуваат механизмите за заштита на суштинските и важните субјекти.

Тоа значи дека сајбер-безбедноста повеќе не се третира само како проблем на кој се реагира откако ќе се случи инцидент. Наместо тоа, се гради систем со јасно утврдени одговорности, правила и механизми за превенција, навремена реакција и заштита.

За граѓаните ваквиот пристап значи побезбедни дигитални јавни услуги, подобра заштита на личните податоци и поголема отпорност на клучната инфраструктура од која зависи нормалното функционирање на државата.

Затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира конкретно и системски во сајбер-безбедноста преку современа законска рамка, јасно дефинирани надлежности и механизми што ќе обезбедат долгорочна заштита.

Токму напредокот од 29 позиции и пласманот на 30 место во светот претставуваат значајна потврда дека Македонија прави сериозни чекори напред во оваа област.

Оваа позиција покажува дека политиките и реформите даваат резултати, но воедно претставува и обврска да продолжиме уште посериозно, посветено и одговорно во градењето  безбедна и отпорна дигитална држава.