Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од ДУИ каде Груби уште членува реагираат за Андоновска затоа што спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДСМ.

Денес тие реагираат против директорката Марија Андоновска која спречи и исправи членови на ДУИ и СДСМ да седат дома, не одат на работа, а земаат плата.

ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во оваа институција, со која 15 години раководел кадар на ДУИ.

Реклама

Денес криминалците од ДУИ реагираат зошто директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства наместо членовите на ДУИ и СДСМ вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално.

Денес криминалците од ДУИ реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала.

Секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека штити криминал. И секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа.

За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член.

Реакција на соопштение на ДУИ