Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Антикорупциска, а јавноста очекува одговор на прашањето зошто Венко Филипче криел имот

Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите. Фактите велат, Венко Филипче како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите. Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите. Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Што пријавил Венко Филипче како министер за здравство?

Реклама

Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година.

Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година.

Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.

Што пријавил Венко Филипче избран за пратеник на изборите во мај 2024 година?

Прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година – не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година – не се пријавени кога бил министер, а ги имал.

Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба – не е пријавен кога бил министер, а го имал.

Кога Венко Филипче молчи, ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесеме копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година. Од анкетни листови се гледа дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори.

Институциите треба да постапуваат, а постапката треба да биде навремена и транспарентна, стои во соопштението на партијата.