Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДСМ

Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот.

Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДСM.

Граѓаните ги препознаа досегашната работа, искрените намери и одлучност Македонија да почне да се развива, затоа и ги избраа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освои 54 општини и градот Скопје.

Овие локални избори се значајни и поради фактот што во општини како Кичево, Карпош и Струга со победата на ВМРО-ДПМНЕ се случија и историски промени.

Благодарение на поддршката и довербата од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ издвојува големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево, до сега раководени од кадри на СДСM.

Со победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје, граѓаните избраа работа, решавање на хаосот и реални проекти за развој на градот.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во останатите општини убедливо победија, наспроти нивните противкандидати.

Од друга страна, пак, на овие избори СДСM доживеа уште еден огромен дебакл и сега веќе е трета партија во државата, зад ВРЕДИ, нашиот коалициски партнер.

Со околу 126 илјади гласа, СДСM освоени само 6 општини и околу 230 советника. На ова ниво, до сега СДСM никогаш не биле.

Ова е јасна порака дека граѓаните се против политиките на Венко Филипче и неговиот ментор, Зоран Заев. Наместо да се оградат и дистанцираат од него, Филипче и целото раководство на СДСM, продолжуваат да го величат ликот и делото на Заев, човек кој ја распродаде и уништи Македонија.

Тоа граѓаните, не само што веќе не го трпат, туку и жестоко го казнуваат.

На Македонија и треба силна опозиција која со конструктивни политики и со луѓе со кредибилитет, ќе биде коректор на власта. А, Филипче и ова раководство на СДСM во моментов се во политички офсајд и без никаков кредибилитет.

Затоа се потребни итни промени во раководството на СДСM, време е Филипче да замине од политиката и да ја ослободи партијата за нови и некомпромитирани кадри.