Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ИПАРД продолжува и не е блокиран, Реформската агенда напредува

СДСM континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДСM и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСM и Филипче, свесно создаваат погрешна перцепција кај граѓаните и нанесуваат штета на институциите и процесите што се спроведуваат.

Брисел и Вајц ги потврдија фактите за тоа што СДСM ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда. Со тоа целосно се демантираат повеќемесечните тврдења и обиди за ширење паника од страна на СДСM и Венко Филипче, со кои свесно се манипулираше јавноста, особено земјоделците, преку неточни информации за наводно стопирање и губење на европски средства.

Реклама

Брисел јасно потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека нејзината реализација продолжува непречено. Европратеникот Томас Вајц, дополнително истакна дека Македонија бележи напредок во спроведувањето на Реформската агенда.

Фактите покажуваат дека по случувањата во Платежната агенција, институциите реагираа навремено, процесите беа привремено стопирани исклучиво заради проверка, а Брисел беше целосно информиран и побарана беше темелна контрола. Извештаите потврдуваат дека системот функционира согласно законските прописи и дека не се утврдени злоупотреби.

Исто така, јасно е потврдено дека изјавите на кои се повикува СДСM се извадени од контекст и се од постар датум, без допир со актуелната состојба.

СДСM лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани.

СДСM да престане со конструкции и лаги, јавната комуникација треба да се темели на проверени и точни информации, со цел да се избегне дезинформирање на граѓаните и непотребно внесување несигурност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и институциите продолжуваат со фокус на реформските процеси, стабилна реализација на европските програми и забрзување на евроинтегративниот пат на државата.