Реклама

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите кои спаѓаат во портфолиото на ТИР-зоните ќе отворат нови 5000 работни места

Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР-зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5 000 нови работни места, а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.

Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%.

Реклама

Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати. Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој.

А бројките зборуваат. За време на СДСМ и ДУИ, или 28 квартали конкретно, реалниот раст на македонската економија беше 2%. Лошите политики на СДСМ и ДУИ ја забавија продуктивноста и ја блокираа можноста за развој. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со јасна стратегија и решителни политики ја потврдува својата посветеност кон граѓаните.