Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски да одговори зошто центарци ќе плаќаат 6,6 милиони денари за мобилна апликација, а притоа вели дека е бесплатна

Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи.

Вие велите дека апликацијата ја изработил вработен во општината волонтерски и дека за нејзина изработка не е потрошен ниту денар. Потоа пак велите дека единствениот трошок бил 200 евра за пуштање на апликацијата. Тука е првата лага и контрадикторност. Или е бесплатна или не е.

Реклама

Второ, на страната за јавни набавки

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx…

јасно се гледа дека за апликацијата на “вработениот” од општина Центар “волонтерски” биле исплатени 6,6 милиони денари, и тоа за 12 месеци. До крајот на вашиот мандат има уште 36 месеци што значи центарци ќе платат 20 милиони денари за апликација, која вие ја правите за да задоволите нечиви апетити.

Господине Герасимовски, навистина сметавме дека сте поразличен од другите во вашата партија, но ДНК-то на Заев и Филипче влегло кај сите од вас и само знаете за местење тендери, набавки и корупција.

Очекуваме одговор од Герасимовски зошто жителите на Центар од Буџетот на општината ќе трошат годишно 6,6 милиони денари за апликација, а Герасимовски вели дека е бесплатна, односно евтина 200 евра?