Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче по примерот на Заев на кој му се восхитува, кај стигне ги руши националните интереси и ја кодоши државата во која добил се

Откако помисливме дека поголем штетник за државните и национални интереси од Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако помисливме дека поголем штетник за државните и национални интереси од Зоран Заев нема, се појави Венко Филипче. Тој, по примерот на неговиот ментор Заев, ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции, и тоа од сред Атина, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи надвор од државата, со измислици, лаги и манипулации го руши државниот углед и позиции.

Но, што може да се очекува од човек кој му се восхитува на Заев, кој освен во Грција и во Бугарија ги рушеше националните интереси на Македонија, каде на национална телевизија викаше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти.

Реклама

Што го тера Филипче да ја кодоши и плука сопствената држава во која добил се, или пак до последно останува верен на муртинската политика на Заев која подразбираше предавства, коленичење и распродажба на националните интереси.

Венко Филипче треба да знае дека како претседател на опозицијата има должност и обврска да биде на линија и во служба на националните интереси.

Стратешката цел за членство на Македонија во Европската Унија е една од главните определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е сојуз во кој природно припаѓаме.

Но, исто така, тоа не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација, како по примерот на прифаќањето на предавничките договори на СДСМ и Зоран Заев.

Интеграцијата во најмоќниот европски сојуз мора да биде под јасно утврдени критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, Копенхашките критериуми, европски вредности и начела.

Покрај членството во ЕУ, државата има должност и обврска да води грижа и да го зачува достоинството на нацијата“, потенцираат од патијата.

Затоа, Филипче треба да знае, дека кодошејќи ја државата прави огромна штета на државата и на идните генерации и дека го руши достоинството на македонските граѓани.

И како опозиционер, Филипче е дел од оваа генерација политичари, од кои граѓаните очекуваат умерена и одговорна политика во интерес на државата, а не да ја кодоши и да биде срам за Македонија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.