Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра, сега нека ги достави доказите до ЈО а не да молчи и да се крие 

Филипче не смее и не може да си поигрува и да си…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче не смее и не може да си поигрува и да си прави внатрепартиски пресметки кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреби, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Венко Филипче излезе во јавност со обвинувања и сомнежи и директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Филипче расфрла пердуви за криминал од 37 милиони евра и сега молчи и се крие.

Реклама

Не може сериозни обвинувања за злоупотреба на десетици милиони евра да се користат како оружје во внатрепартиски конфликти. Ако постојат докази, Филипче  треба да ги достави до надлежните институции и целосно да се истражат.

Граѓаните имаат право да знаат кој носел одлуки, кој ги одобрил набавките и дали државниот буџет бил оштетен.

Наместо партиски пресметки на Филипче, очекуваме институционална постапка и одговорност. Секој сомнеж за злоупотреба на јавни средства мора да биде расчистен. Правдата не смее да зависи од тоа кој со кого е скаран.

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.