Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе?

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче бил директно инволвиран во процесот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде што живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во аферата „Провизии што чинат животи“, каде што посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДСМ, Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од Обвинителството, меѓу кои тогашниот државен јавен обвинител Јовевски, кој дошол со двајца свои обвинители.

Улогата на Јовевски и другите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.

Реклама

Според Кадриу, 30-ина милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територијата на Македонија.

Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. А оние подобрите и поквалитетните, како, на пример, панели со камена волна, кои не горат до 40 минути, чинеле 17-ина евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле приближно 300.000 евра сите, а за оваа намена биле обезбедени 30 милиони евра.

Во чиј џеб завршиле парите?

Дополнително, за објектот во Тетово не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.

Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?

Зошто не се користеле квалитетни материјали?

Зошто се искористени минимум од дозволените средства?

Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување ковид-пациенти во рамките на постојните болнички капацитети.

Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување ковид-пациенти на двата ката во тетовската болница, кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил поради тоа што овие модуларни болници морало да бидат изградени.

Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите.