Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Фијаско на протестот на ССМ и СДСM, народот ги препозна и им сврте грб на политичките манипулации

Протестот на ССМ организиран и логистички поддржан од СДСM доживеа целосно фијаско,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестот на ССМ организиран и логистички поддржан од СДСM доживеа целосно фијаско, протестот е доказ дека граѓаните не паѓаат на евтини политички сценарија и злоупотреби на СДСM, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Синдикалниот протест се покажа како лошо режирана партиска претстава на СДСM во кој ССМ послужи како параван за очајните обиди на СДСM да проба да се врати во игра. Наместо вистински работници на протестот беа партиски активисти на СДСM кои глумеа синдикалци.

СДСM да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните јасно ги препознаа манипулациите и го игнорираа политичкиот театар на СДСM со што и испратија порака дека ваквиот вид на злоупотреби одамна не поминуваат.

Реклама

ССМ наместо да биде заштитник на работничките права се претвори во продолжена маша на СДСM. Наместо борба за работниците народот ги препозна борбите за функции влијание и лични интереси.

Театарот на СДСM и ССМ не е синдикална борба туку политичка злоупотреба каде СДСM ги искористи работниците за политички поени и цели додека реалните проблеми на работниците ги стави на маргините.

Врската помеѓу СДСM и ССМ е јавна, директна и штетна за работниците. Наспроти лицемерието на СДСM, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со конкретни мерки и политики за раст на сите плати, подобрување на животниот стандард и вистинска грижа за сите граѓани.