Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите ја рушат паниката која ја создава СДСМ, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат

За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДСМ, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДСМ, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од надлежните институции, од талогот на СДСМ кој со умисла го прават тоа, нема ниту извинување, ниту одговорност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Таквото однесување на талогот на СДСМ, не е однесување на одговорна опозиција, туку обид со умисла, преку создавање недоверба на граѓаните во институциите, да се добиваат евтини политички поени.

Во изминатиот период беа пласирани тврдења поврзани со безбедноста на водата во Скопје, кои со факти, документи и докази беа демантирани од надлежните институции. Во меѓувреме, последните испитувања во Гостивар покажаа дека водата повторно е безбедна за пиење, а институциите продолжуваат да ја следат состојбата.

Реклама

Наместо да ги поздрави информациите дека проблемот е надминат, предавничката СДСМ и талогот кој останал во неа, продолжува со обиди да создава сомнеж и вознемиреност кај граѓаните.

Тука се поставува едноставно прашање, зошто на СДСМ му смета и се спротивставува на секое потврдување дека институциите функционираат и дека проблемите се решаваат?

Многу е очигледно дека, без конкретна политика и решенија, со многу проблеми, во страв и хаос, СДСМ единствено се обидува од секоја тема да создаде политичка криза.

Граѓаните заслужуваат точни информации и факти, а не сценарија за создавање страв и паника кои ги креираат пајташите на СДСМ, и тоа додека Венко Филипче со неговиот ментор, Зоран Заев уживаат на јахтата во Паљури, во Грција.

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, состојбата се следи, а политичкото профитирање преку ширење паника не може да ја замени одговорната политика.

СДСМ треба да разбере дека довербата кај граѓаните се гради со факти, одговорност и решенија, а не со ширење хистерија, дезинформации и со измислени кризи.