Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДСM живее на висока нога и во маркет нема влезено

Елитата на СДСM која не е прибрана во државата од шетања низ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Елитата на СДСM која не е прибрана во државата од шетања низ ексклузивни дестинации, глуми загриженост за македонските граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Тие во маркет немаат стапнато, пошто целото нивно раководство живее на висока нога. Почнувајќи од нивниот претседател, Венко Филипче кој вози скапи автомобили и постојано летува за Дубаи, па се до неговата заменичка, Фани Каранфилова Пановска на која што месечните хонорари во невладината Сорос и се движеле по неколку илјади евра.

СДСМ да влегуваа и пазаруваат по маркети и продавници, ќе видеа дека над 1000 производи беа со намалени цени, и во континуитет се преземаат мерки за намалување на цените.

Реклама

Инфлацијата во континуитет се намалува, споредено со периодот на владеење на СДСМ кога истата беше двоцифрена.

Според официјалните податоци, инфлацијата и скапотијата пред неколку години беше двоцифрена, за во 2023 година да заврши со 9,5%. 2024 изборна година и ВМРО-ДПМНЕ на власт шест месеци, инфлацијата се спушти на 3,5% и годината заврши со раст на економија од 2,3%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, Индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година кога исто така СДСМ беше на власт, забележан беше раст од 9.4%, а индексот на цените на беше 7.0%.

Потсетуваме дека, исто така, СДСМ се тие кои што го зголемија и ДДВ на прехранбените производи што директно доведе до зголемување на цените на прехранбените производи.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки кои што уште минатата година ја стабилизираше економијата и после ваквото стабилизирање годинава следи нејзино заживување, кое што ќе доведе до одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ..

Исто така, според проекциите на Народна банка годинава се очекува раст на БДП од 3,3% и дополнително намалува на инфлацијата до ниво од 2,5%, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.