Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Два жестоки шамари за Филипче, ИПАРД средствата ослободени, Вајц со најнова изјава дека Владата испорачува

Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги. Во очајничка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги. Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој,  со јасна и недвосмислена порака дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за располагање. Средствата никогаш не биле блокирани.

Исто така, Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој.

Реклама

Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења.

Интервјуто кое Филипче со толку ентузијазам го спинуваше, и кое, како што кажа Вајц, е снимено за бугарска телевизиска станица,  е дадено пред седум недели. Од тогаш до денес, Вајц лично напомена дека се преземени конкретни чекори и дека постои видлив напредок, а потврди и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача минатата година, како што испорачува и оваа година.

Значи Филипче воопшто не е информиран, ниту пак е во тек со нештата. Извлече застарена изјава, ја изолира од контекст, ја сервираше на јавноста како актуелна и сето тоа за да конструира лажна слика.

Дали некој воопшто го информира Филипче или тој свесно и методично ја следи сопствената агенда, без оглед на фактите и последиците?