Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче им раскажа на ПЕС како ја славеше победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија

Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти во Барселона, па логично е да се праша како им раскажа таму дека цела недела ја славеше победата на политичката партија во Унгарија, Тиса, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Иронијата е повеќеслојна и јасно е каде се наоѓа СДСM во моментов. Очајни за добри вести, без разлика од каде доаѓаат.

Славеше победа на партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДСM на тие избори освои 1% од гласовите.

Реклама

Можеби подобро ќе биде за СДСM, Филипче да се фокусира помалку на меѓународен план и повеќе на самата партија која секој ден се повеќе ја губи довербата.

Домашните резултати на СДСM зборуваат сами за себе, со тоа што партијата доживеа катастрофален пораз и на парламентарните избори во 2024 година како и на локалните избори минатата година, а се сведе и на 130 илјади гласови.

Ситуацијата внатре во партијата не е подобра. Откако стана јасно дека нема да има сериозни внатрешни реформи, поранешни функционери јавно проговорија за незадоволството, а откако се скараа и со новинари и со медиуми, јасно е дека на следните избори СДСM ќе биде и под 100 илјади гласови.

Немаат  програма, немаат што да  понудат, па затоа слават туѓи победи како да придонеле во истите, на партии од други држави кои немаат никаква врска со нив, и ова само по себе кажува доволно за тоа каде е денес СДСM и каде води патот по кој чекори.