Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на директорот на агенција за филм, а Ковачевски собира информации за случајот

Скандалозното однесување односно работење на в.д. директорот на Агнеција за филм ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалозното однесување односно работење на в.д. директорот на Агнеција за филм , тема на разговор и во Собранието. На седницата за пратенички прашања, пратеничката на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска  јавно го праша премерот, кога планира да го разреши Бојан Лазаревски, првиот човек на агенција за филм, за кого година дена медиумите објавуваат скандали, а дел од нив биле и потврдени од антикорупциска.

Пратеничката Серафимовска потсети дека минатата недела Државната комисија за спречување на корупција побара да биде разрешен директорот на Агенцијата за филм, а имено и пред 4 месеци и министерството за култура дало негативно мислење за неговиот извештај и неговата работа. Пратеничката укажа дека изборот на директор на Агенцијата за филм е срам во однос на исполнети услови и компетенции да биде прв човек на таа институција.

Моето конкретно прашање е кога владата планира да престане да го крши законот откако бројни агенции и невладини институции констатираа дека актуелниот директор на агенцијата за филм, Бојан Лазаревски работи незаконски за што би требало да сноси кривична одговорност односно дали владата постапила согласно извештајот за човечки ресурси и одржлив развој односно на полугодишниот извештај и работа на агенцијата за филм согласно член 19 од законот за филмска дејност се наведува дека веднаш треба да се реагира и дали согласно овој извештај итно владата распишала јавен оглас за именување на директор на агенцијата за филм, праша Велика Стојкова Серафимовска   – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Реклама

На ова Ковачевски кажа дека не можел тој како премиер да го разреши, туку тоа го правала Владата. Вели со голема сериозност ги земал констатциите на антокорупциска и за конкретниот случај со директорот на агенција за филм , требало да се соберат сите информации, да се достават до обивнителството, а потоа да се донесе одлука.

Одлука за разрешување на директор не донесува лично премиерот, туку Владата како колективен орган, но одлуката ќе биде донесена откако ќе бидат собрани сите информации и од други институции за да се види инволвираност на повеќе страни и лица, а по прибирањето на сите информации на Владата ќе и биде потребен одреден период и време, одговори премиерот Ковачевски.

Инаку иако многумина гледаат корупција и незаконитост во директорувањето на Лазаревски, тој изјави дека е изнендаден и шокиран од обвинувањата на институциите  бидејќи очекувал пофалби за неговата работа и успехот на Агенцијата за филм.

Дека во работењето на Агенцијата има криминал алрамираа неодамна и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

Инаку директорот на Агенцијата е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.