Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага по допрен глас за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ, Трендафилов

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ѝ даде поддршка и ги осуди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ѝ даде поддршка и ги осуди нападите врз својата колешка и заменик-координаторка Дафина Стојаноска од страна на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по објавените фотографии, на кои се гледа дека тој за приватни цели го користи службеното возило. Го повикаа Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага по допрен глас, а Трендафилов да одговори колку пати го злоупотребил службеното возило за приватни цели и прошетки, колку литри гориво се потрошени од членарините, „и за што сè друго ја има злоупотребено својата положба додека глуми скромност и голем заштитник на социјалната правда во Македонија“. 

– Она што го видовме од страна на Слободан Трендафилов не е ништо друго помалку од директен атак, обид за замолчување и брутален притисок врз жената во политиката. Трендафилов избра на кукавички начин да ја нападне жената што имаше храброст јавно да го изнесе неговото расипништво. Ова е класичен пример на мизогинија, каде што маж на функција се обидува да дискредитира и деградира жена, само затоа што ја обелоденила вистината – рече на прес-конференција пратеничката Лидија Петкоска.

Таа ги повика сите релевантни домашни и меѓународни организации да реагираат на оваа постапка на претседателот на ССМ. 

Реклама

Треба да се расчисти една работа, рече таа, а тоа е дека на јавно достапните снимки идентитетот на лицата е заштитен токму затоа што целта не се децата, туку расипништвото и неговите двојни аршини.

– Трендафилов е тој што ги злоупотребил своите деца како жив штит за да ги одбрани своите привилегии и комфорот ставајќи ги во возило што му припаѓа на македонскиот работник. Со вокабуларот на опозицијата, да, монструозно е да земаш плата од работниците за кои наводно се бориш додека ти уживаш во луксузот на сметка на ССМ и македонските работници – рече Петкоск, додавајќи дека Трендафилов е целосно нелегитимен претседател и оти тој е таму само за да си ја зачува фотелјата.