Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

ВМРО- ДПМНЕ бара ДКСК да реагира: Како Венко Филипче од плата изградил луксузна хациенда вредна еден милион евра?!

Како лидерот на опозицијата Венко Филипче од плата успеал да изгради луксузна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како лидерот на опозицијата Венко Филипче од плата успеал да изгради луксузна хациенда на три ката на Водно, вредна еден милион евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Миле Лефков, порача дека Филипче мора да одговори како стигнал до финансиски средства за така голема инвестиција, на една од најатрактивните локации во Скопје.

-Овој објект е граден во ек на министерувањето на Филипче, кога тој управуваше со милиони евра во здравството. Филипче мора да одговори како е градена оваа хациенда, како се стекнати парите за истата и дали истите се доведуваат во врска со тендери или друг вид работа со државата додека тој бил на функција. Филипче мора да одговори како се прави ваква хациенда со плата?, прашува Лефков

Лефков ја повика на реакција и од Антикорупциска. Да проверат дали можеби парите уимаат некаква поврзаност со можни тендери од периодот кога Филипче министеруваше во здравство.

Реклама

-Филипче да не се обидува да користи изговори дека оваа хациенда е на името на неговата сопруга или нејзиниот татко. Тоа што истата е градена додека тој е министер говори доволно дека може да станува збор за потенцијално криење на имот на туѓо име. ДКСК да отвори случај и да истражи како е финансирана оваа хациенда и дали парите се доведуваат во корелација со некој тендер или државна работа, изјави Лефков.

Утрината во куќата за која опозицијата обвинува дека е на новиот претседател на СДСМ, можеа да се забележат мајстори, кои ги завршуваат финалните работи на овој веќе изграден објект. ВМРО-ДПМНЕ ја повика Антикорупција и да провери како Филипче набавил луксузно Ауди Q8, дали го платил со свои пари или друг го купил за него.

Матеја Петровски