Реклама
Прилози

ВМРО-ДПМНЕ бара да реагираат Обвинителството и Антикорупциска- дали Филипче криел имот?

Обвинителството и Антикорупциска да испитаат зошто Венко Филипче од позиција на министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството и Антикорупциска да испитаат зошто Венко Филипче од позиција на министер криел дека поседува пет стана, кои ги пријави сега од позиција на пратеник и лидер на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителите и антикорупционерите веднаш да се фатат за работа и да испитаат зошто Филипче не го пријавил имотот кој го имал стекнато пред да стане министер за здравство.

-Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште пофрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба. Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ЈО да поведе постапка за Филипче, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека кај Филипче во најновиот анкетен лист нема недвижен имот кој го пријавил во 2018-та, а вреди над 600 илјади евра. Прашуваат каде е тој имот, а доколку е продаден, зошто не биле пријавени парите.

Реклама

-Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекна т пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра. Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра, изјави Митева.

Побаравме став и од СДСМ околу обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак ни одговорија дека немало да даваат изјава за овие случувања и ни кажаа да се повикаме на нивното соопштение од пред неколку дена, каде конкретен одговор на тврдењата кои ги објави владејачката партија нема. Велат Филипче пријавил се во својот анкетен лист, а ВМРО-ДПМНЕ се користеле со лаги и манипулации.

Матеја Петровски