Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: 828 договори за проекти од вториот повик со вредност од 225 милиони евра за капитални инвестиции низ општините

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во локалните самоуправи и нивниот напредок.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно инвестира во локалните самоуправи и нивниот напредок. Развиени и силни локални самоуправи се основа за развиена држава. Развиени општини се темел на развојот на држава, соопшти владејачката партија.

„Преку двата повици од инструментот за капитални инвестиции со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините. За разлика од минатото сега нема фаворизирање на ниту една општина ќе се инвестира насекаде низ Македонија.

Во првиот повик беа финансирани 288 проекти за општините кои опфаќаат проекти од областа на транспортот и инфраструктура, животна средина, образованието и културата, како и спортот и социјалната политика.

Реклама

Преку вториот повик од инструментот за капитални инвестиции се потпишаа договори за 828 проекти со вкупна вредност од 225 милиони“, потенцираат во соопштението.

„Најголем дел од проектите, 589 се во областа на транспортот, каде ќе се вложат над 8 милијарди и 105 милиони денари, или 132 милиони евра. Ќе се инвестира во нови патишта, улици, мостови.

143 проекти се од областа на животната средина каде ќе се инвестираат над 2,4 милијарди денари преку проекти за почиста вода, канализациски мрежи, управување со отпад, нови паркови.

Во образованието 48 проекти, се вложуваат 1,6 милијарди денари за нови училишта, обновени училници, градинки. Како и во проекти од областа на културата, социјалната политика, спортот“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку овие инвестиции Владата го забрзува локалниот развој и активно работи на приближување на институциите до граѓаните. Поддршката за општините е транспарентна и е насочена пред сè за потребите и барањата на граѓаните, додаваат во соопштението.