Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 300 нови специјализанти и над 1 милијарда евра, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки гради модерно здравство

Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати во здравството со цел модерно квалитетно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати во здравството со цел модерно квалитетно и достапно здравство за сите граѓани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со рекорден буџет од над 1 милијарда евра, здравствениот систем добива најсилна финансиска поддршка досега. Средствата се дирекно насочени кон нов медицински кадар, квалитетни здравствени услуги, нова инфраструктура и медицинска опрема.

Особено значајна е одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Тоа значи повеќе специјалисти во јавните здравствени установи, посигурна професионална иднина за младите лекари и подобра здравствена услуга за граѓаните.

Реклама

Исто така владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира и историското зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина и гинекологија кој се зголеми од 75 на 100 денари, односно за 33%, додека кај матичните стоматолози зголемувањето е од 61 на 75 денари.

Со тоа директно се зајакнува примарната здравствена заштита, се подобруваат условите за работа на матичните лекари и се создава простор за отворање нови ординации.

Паралелно, позитивната листа на лекови е проширена со нови терапии. Додадени се девет нови генерички лекови за кардиоваскуларни заболувања, депресија и деменција, а листата е дополнета и проширена и со три антикоагулантни лекови Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан.

Тоа значи поширок избор на терапии за пациентите и намалување на финансискиот товар, бидејќи лековите се обезбедуваат на товар на ФЗО.

Зад политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ стојат конкретни резултати а фактите се јасни: над 1 милијарда евра за здравство, 300 нови приватни специјализанти, зголемени капитациски бодови и проширена позитивна листа на лекови.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на кадровско и финансиско зајакнување на здравството.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во лекарите, во примарната здравствена заштита и во достапноста на терапијата. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е посилно, помодерно и подостапно за секој граѓанин.