Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ги заработил

По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи истото го потврдија и Венко Филипче и СДСM, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И СДСM и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде и двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат.

Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како и по кој основ ја стекнал златната виза за Дубаи?

Реклама

Некое време тврдеше дека со златната виза се стекнал поради преговори за работен ангажман во некоја тамошна болница и дека сето тоа ќе го докаже со факти и докази, но до ден денес македонската јавност документи не виде.

Од друга страна за добивање златна виза во Дубаи потребна е инвестиција од минимум 500.000 долари во бизнис и недвижности.

Па оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500 илјади долари, во недвижности или бизнис?

Во однос на инвестициите во недвижен имот во Дубаи, во истото јавно сведоштво, Аврамски тврди дека и Заев и Филипче имаат станови таму и дека тој бил во зградата во која двајцата ги купиле становите.

Но, Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму оваа инвестиција во недвижен имот е основата за добивање на златна виза.

Ако овој основ, инвестиција на 500 илјади долари во недвижен имот, е причината за добивањето на златната виза, тогаш Филипче должи уште еден одговор, како ги заработил овие пари, посебно што и тој и СДСM постојано потенцираат дека работи само како доктор. А со докторска плата, а сега пратеничка, до таква баснословна сума не се доаѓа.

Ако сака Филипче да ги расчисти дилемите, го повикуваме Филипче да ги покаже документите за работа врз основа на кои вели дека ја добил златната виза за Дубаи. Доколку навистина бил ангажиран во Дубаи, договарал работа во некоја болница или кој било друг професионален ангажман, нема да му биде проблем тоа да го потврди со документи и да ги расчисти сите дилеми кои се појавија во јавноста.

Затоа, наместо молк, потребни се факти и документи.