Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ во текот на денот да ја закаже јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ.  – Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ. 

– Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која експерти од фелата ќе го кажат своето мислење дали се за или против законот, како и нивните ставови во однос на членовите кои што ги содржи тој закон. Во моменти кога сакаме да регулираме цела една индустрија, се јавуваат СДСМ со нивната опструкција и упорно не сакаат да ја закажат јавната расправа, на која што, повторно кажувам, сите засегнати страни ќе можат да го кажат своето мислење. Зошто? Нека кажат самите – изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.

Ја повика претседателката на Комисијата да ја закаже јавната расправа за да може потоа од ставовите што ќе произлезат од јавната расправа да се донесат заклучоци кои би се инкорпорирале во законот.

Реклама

– Ние нема да дозволиме да застане процесот. Доколку не се одржи јавната расправа, на следната наредна седница ќе биде ставен законот, согласно Деловникот, и постапката за неговото донесување ќе биде продолжена – рече Стојаноски.