Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Прилози

Влезот на германскиот тур оператор „ЕР ЕС ДЕ“ ќе ја раздвижи економијата и ќе го зајакне туризмот

Влегувањето на германскиот туроператор “Ер-ес-де ” на македонскиот пазар,што ќе донесе 35.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегувањето на германскиот туроператор “Ер-ес-де ” на македонскиот пазар,што ќе донесе 35.000 туристи во земјава седната година,е огромна помош за локалната самоуправа на општина Охрид во однос на приходите кои ќе се оставарат од туристичката такса,а истовремено ќе го зајакне и туристичко-угостителскиот сектор.Балканските тури на кои ќе одат французи, германци и англичани се очекува да трошат од 30 до 50 милиони евра во Скопје и Охрид, со што за 10 до 15% ќе се зголеми сегашниот број на туристи посебно во нашата туристичка мека, вели градоначалникот Пецаков.

 Разговараме за период кој што не е шпиц на сезона, тоа е нешто поразлично од сето она што сме го гледале во изминатите 20 години и комотно можам да кажам дека ова ќе има многу поголем импакт на туризмот во Охрид отколку она што до сега сме го добивале во текот на летниот период.А ова следи како последица на покачувањето од 4,5 евра на 12 евра за патник кој што слетува и полетува од охридскиот аеродром”-вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Туризмолозите ги поздравија заложбите на владата и добрата практика за промовирање на Република Македонија во европски и светски рамки,со цел да се привлечат што е можно поголем број туристи. Но,она што најпривин треба да го направиме велат, е инвестирање во сместувачките капацитети оти на целата охридско-струшка ривиера нема повеќе од 17.000 легла. И ова е само еден од проблемите со кои се соочуваме.

Реклама

 Можеби не треба да се разговара и не треба да се размислува за градење на нови капацитети, но сепак ревитализирање на постојните.Треба да имаме соодветен кадар кој што говори јазици.Во Република Македонија има само 4 лиценцирани водичи на германски јазик, на француски има само двајца во цела Македонија,еден во Охрид и еден во Скопје.Како ќе ги привлечеме, како ќе ги опслужиме истите ако не го говориме нивниот мајчин јазик”-вели проф.Климент Наумов-Факултет за туризам Охрид

Наумов сугерира да се инвестира во обука на соодветни и искусни кадри кои ќе можат достојно да ја презентираат нашата држава. Инаку првите странски туристи кои ќе ги донесегерманскиот туроператор “Ер-ес-де ” ќе дојдат во февруари идната година.

Новинар Росица Голабоска