Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Власта за себе зборува дека е економски успешна, делата го покажуваат спротивното – 0 отсто реализација на капитални расходи кај неколку министерства

Многу се троши, слабо се реализира. Во предизборниот период од јануари до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу се троши, слабо се реализира. Во предизборниот период од јануари до крај на април, државата реализирала само 17 отсто од планираните капитални расходи. Иако буџетите на министерствата се бројат во стотици милиони евра, има такви кои се со нула отсто или под еден процент реализација. Меѓу оние кои не реализирале ништо е министерството за политички систем и односи со заедниците со кое раководи Артан Груби, а планирани за оваа намена се  12 500 евра , 0 отсто реализација има и министерството за локална самоуправа од планирани 71 650 евра  и министерството за правда на Кренар Лога, а интересен е фактот дека Министерството за економија на чело со Крешник Бектеши, има под еден отсто реализација од планирани 5.399.813 евра

Меѓу поголеми реализации има во МВР или 49,52 %, а највисока е стапката во државниот инспекторат за транспорт од дури 98.41 %

Реклама

Капитални расходи заклучно со 31.03.2024

Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците  0%

Министерство за локална самоуправа                                            0%

Министерство за правда                                                                 0.33%

Министерство за економија                                                            0.16 %

Министерство за надворешни работи                                           1.15 %

МЗШВ                                                                                                 9.04%

Собрание                                                                                           0,06%

                                                                      Извор: Министерство за финансии

Она што е интересно е дека во македонскиот буџет под ставка „капитални“ имаме  купување на мебел, купување на возила и капитални субвенции за невладини и јавни претпријатија .  Алармот дека се троши без контрола го крена заменик техничката министерка за финансии Елена Петрова која обелодени дека власта за четири месеци предизборно потрошила дури 313,5 милиони евра под ставка „ други трансфери“ , која обелодени дека е прекршено и „златното буџетско правило“ капиталните расходи да се поголеми од буџетскиот дефицит, а задолжувањето да се користи само за инвестициски проекти.

Дека буџетската дупка се продлабочува за тековни трошоци и за популизам предупредуваат и експертите. Според поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, дефицитот ќе биде сериозен проблем кој ќе треба да го решава идната Влада

Македонија е последна по стапка на раст, каде е планското стопанство? На меѓународниот финансиски пазар иа многу пари, сите даваат пари на државите оти државата е добар гарант. Задолжувањето, ако ги вратиме парите не е проблем да биде 60 отсто и 100 отсто нека биде, ама да ги вратиме, но сега одговорно тврдам дека тие што ќе дојдат се соочат со тешка ситуација со буџетската дупка, неодговорно, невиден популизам, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во емисијата „ За или Против“ на ТВ Алфа.

Власта на СДСМ и ДУИ остава зад себе огромна буџетска дупка, за која предупреди и Светска Банка, како и зголемен   јавен долг од 60 отсто од БДП што ја надминува психолошката граница. Она што очигледно се гледа е дека Владата дома и надвор за тековно работење,  а не за вложување во капитални инвестиции .