Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Власта во заминување си „ја почасти“ „Марковски компани“ со нов договор тежок 4,8 милиони евра   

Нови милионски тендери на Државните електрани. И по изборите власта во заминување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови милионски тендери на Државните електрани. И по изборите власта во заминување продолжува да испумпува пари преку РЕК Битола склучувајќи договори и со една од омилените фирми, „Марковски компани“.

Компанијата на белорускиот почесен конзул  „ќари“ нов тендер тежок над 4.8 милиони евра за изнајмување на багери, камиони и помошна механизација.

Договорот кој е склучен во изборен период ќе важи 18 месеци, односно и новите директори ќе бидат обврзани да исплаќаат пари на оваа фирма која се поврзува со сомнителни тендери.

Реклама

Според првиот дел од рамковната спогоднба РЕК Битола ќе плаќа по 7.800 денари на час за хидрауличен багер на гасеници 1.790 денари на час за  камион дампер.

Вториот дел се однесува на помошна механизација односно  за изнајмување на три различни автодигалки на гуми во вредност од 11 до 19 илјади денари на час .

Алфа праша во ЕСМ зошто има потреба од нов тендер сега, и дали имало пријавени други компании но, до емитување на овој прилог не добивме одговор.

Минатата година Марковски компани  доби неколку тендери. Во јавноста остана запаментен оној од фантастичните 46 милиони евра од ЕСМ  за Ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина, а неколку дена претходно  за истата намена се „офајдија“ со тендер од скоро 25 милиони.

Од позиција на тогашна опозиција, ВМРО – ДПМНЕ обвини дека Асаф Еисин, израелскиот гуру за пиар стратегиите на СДСМ, џебовите ги полнел токму од милионските тендери на РЕК Битола што со години ги добива Борче Марковски и неговата Марковски компани .

Инаку,  омилената фирма на власта која со години е добитник на милионски тендери според податоците од Централниот регистар, е основана во 2002 година, со паричен влог од 2.500 евра.

Жителите на Новаци пак вчера се кренаа на масовен протест поради сообраќајниот хаос кој се создава оти нема посебен пат за тешките возила кои одат до РЕК Битола.  Новачани се соочуваат со испукани куќи, енормно аеро-загадување,  и максимално загрозена сообраќајна безбедност заради транспортот на јаглен.

Не само Марковски, пред неколку дена, според Бирото за јавни набавки склучен е договор за технолошко чистење на РЕК Битола во вредност од речиси 5.7 милиони евра.

Станува збор за рамковна спогодба меѓу ЕСМ и   група на понудувачи ОЗОНВЕЈ увоз-извоз ДООЕЛ Битола и ЈС ТРЕИД ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Струмица.