Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Прилози

Власта во мисија да ги заузда трговците и да стави ред во неразумно високите  цени

Со измени на закон ќе се зајакануваат капацитетите на комисијата за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со измени на закон ќе се зајакануваат капацитетите на комисијата за заштита на конкуренција која ќе треба да го контролира спроведувањето на законот за нефер трговски практики.

ВМРО – ДПМНЕ го предлага законот со цел државата да добие уште еден инструмент кој ќе помогне да се стави ред во трговијата, нема да се профитира врз грбот на граѓаните и конечно ќе има поевтинување. Законот ќе се најде на пленарна седница на втори октомври и власта очекува дека ќе има конструктивна дебата и истиот ќе може да се изгласа уште истиот ден.  Во меѓувреме, комисијата за заштита на конкуренција може да постапува но,  нема доволен капацитет.

Наместо досегашните два члена кои беа професионално ангажирани, сите пет члена ќе бидат професионално ангажирани, како и се отвора ентитет на прекршоци кој ќе може да одлучуваат по допрен глас. На втори октомври имаме седница, и очекувам сите пратеници да бидат одговорни и да се закаже комисија истиот ден , вели за Алфа Бојан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ.

Реклама

Алфа направи обиколка по скопските пазари . На пазарот Буњаковец пиперката се продава над 100 денари ,  домат јабучар 200 денари, зелка 100 денари , лимон 100 денари килограм, портокал 100 денари,  кромид 30, модат патлиџан 50.  Продавачите велат, тие што имаат пари купуваат повеќе . Според нив цената не ја формираат тие, туку се прилагодуваат на условите . Сериозен проблем е недостигот на домашно производство.

Во моментов е на сила мерката „есенска кошница“ со која во маркетите, според анализите на министерството за економија цените на 73-те производи паднале во просек од 5-10 отсто.

Законот за нефер трговски практики опфаќа 2548 продукти и  со него ќе се отстранат 26 нефер трговски практики кои имаа учество во финалната цена на производите . Првите ефекти на намалени цени,  министерството за економија очекува да се почувствуваат кон крајот на октомври кога трговците треба и да ги потрошат залихите од претходните договори.