Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Власта се смилува: Личните карти со Република Македонија ќе важат и по 12-ти февруари, пасошите ќе мора да бидат со Северна

Откако граѓаните со денови мрзнеа на минусни температури чекајќи пред пунктовите со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако граѓаните со денови мрзнеа на минусни температури чекајќи пред пунктовите со цел промена на личните документи, со новото име на државата,  власта во пет за дванаесет се сети дека можело и поинаку да се реши. Личните карти со Република Македонија, ќе важат и по 12-ти февруари, потврдија од МВР. Но, само за внатрешна употреба. Со пасош или лична карта без Северна, нема да можете никаде надвор од државата, потврди и премиерот Димитар Ковачевски. Тој информираше дека ќе важат и старите возачки. Поради Преспанскиот договор, за пролонгирање на рокот и за патните исправи, ќе мора дозвола да добиеме од Грција.

-Ќе разговараме со министрите за да видиме, знаете вие можете да направите законски измени, меѓутоа пак се работи за документ кој се користи за надворешна употреба. Личната карта и со Република Македонија на неа, таа се користи за внатрешна употреба. Возачката дозвола за да возите во нашата држава, се користи пак за внатрешна употреба, меѓутоа тука се работи за документ за надворешна употреба, изјави Ковачевски.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски го повика Уставниот суд веднаш да ги стави законите за личните документи вон сила, со цел и пасошите да важат по 12-ти февруари. Според него дополнителен проблем е што во моментов МВР има само 30.000 обрасци за патни исправи и дополнителни 10.000 двојазични, а уште милион и 300 илјади граѓани чекаат за промена на посош. Новите обрасци пак се очекуваат дури во март.

Реклама

-Ценевме дека Парламентот е простор како законодавен дом, каде што оној кој што го предложил овој закон во 2021-ва година, за промена на патните исправи и возачките дозволи, има можност и сега да поднесе измени, откако јасно им е на сите дека тој процес како што е замислено нема да оди, изјави Ковачевски.

Мицкоски порача дека рокот мора да се пролонгира со цел да престане понижувањето на македонските граѓани. Дека обичните луѓе се срамно понижувани пред пукнтовите за фотографирање и подигнување на личните документи, кажа и претседателот Стево Пендаровски.

Колку за потсетување, промената можеше да почне уште веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, но тогаш МВР немаше обрасци за пасоши со новото име, а и тендерската постапка беше пропратена со скандали.

Матеја Петровски