Наместо конкретни бројки и отчет пред граѓаните , Владата секој потрошен денар за тендери го правда со тоа дека трошеле помалку од нешто што било претходно направено . Власта преизборно, со народни пари, си организираше промотивна дискусија преку кампањата „ Европска иднина, поблиску од било кога“ на тема економски придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните, на која час и половина разговараа за тоа колку направиле за економијата и што би добиле ако влеземе во ЕУ. Колку чинеа речиси двочасовните фалби и лекции за тоа колку е убаво во ЕУ , цифра не добивме, а ниту пак одговор кој е конкретниот бенефит за граѓаните од ваква дискусија кога тие совршено добро знаат како се функционира во Европа и сакаат да живеат подобро . Вицепремиерот Битиќи вели вредноста била помала од една „ жална врба“ на кејот на Вардар , а била нивна обврска да ги информираат граѓаните.
-Сметам дека обврска на секој носител на јавна функција е соодветно и правично и право да ги информира граѓаните. Живееме во ера во која имаме инфлација на вистински и прави информации наспроти лажните. Оваа кампања што е почната е, како што и самата звучи, ‘поблиску од кога било’ да зборуваме за Европската Унија и европската иднина и на граѓаните да им ја претставиме реалната слика што е тоа што губиме и што можеме да имаме наспроти она што го губиме во овој момент од неразумните фактори во општеството. Тоа е наша обврска и тоа ќе го правиме секој ден, ништо повеќе. Верувајте чини помалку од било која жална врба овде на кејот на Вардар што е исушена, рече Битиќи.
Да зборуваме за Европската Унија и да им ја претставиме реалната слика , што е тоа што имаме и што може да изгубиме од неразумните политички однесувања од политички чинители во општеството , тоа е наша обврска и ќе го правиме секој ден, ништо повече, а за тоа колку чини, верувајте чини помалку од било која „жална врба“ којашто е позади вас овде на Вардар кој се исушени

Денешната панел дискусија ја отвори Премиерот Димитар Ковачевски кој го искористи моментот да се фали за владините политики кои го унапредиле животниот стандард на граѓаните, без да спомене оти неговите сограѓани одвај врзуваат крај со крај , земајќи ги во предвид статистиките кои покажуваат дека за преживување ни требаат речиси 1000 евра . За 10 години ќе сме имале дуплирање на БДП во однос на државите од Западен Балкан, а до 2030 ќе била Европска Македонија. Никој на панелот не го спомна најновиот извештај на Светска Банка која Македонија ја смести на дното во регионот.
Тоа што успеавме просечната и минималната плата да ги зголемиме за 50 односно 100 проценти од тоа што беа, е резултат пред сѐ на добрите политики, но и на нашата цврста определба за евроатланска интеграција. Искуствата велат дека со членството во ЕУ платите и пензиите ќе се зголемат меѓу 70-90 проценти и тоа е за очекување дека ќе се случи и за нас“, рече Ковачевски во воведното обраќање.
Друштво на Ковачевски на панелот му правеа и вицепремиерите за европски и економски прашања , Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, како и претставникот на бизнис секторот Горан Антевски.
Инаку, кампањата Европска иднина, поблиску од кога било“ чини околу 355 илјади евра, а е договор со Друштворто за филмска продукција „ Вертиго – НМЕ ДОО “ со Генералниот секретаријат на Владата.
Оваа кампања е по онаа „ Ние сме Европа “ која не чинеше 80 илјади евра, а оваа иако се случува во предизборие за власта не е ништо спорно , уверуваат оти целта им била да се разберат подобро реформите поврзани со евроинтеграциите.
