Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Владините одлуки за стратешките инвестиции кои се разгледуват во Собранието се невалидни.

Владините одуки за таканаречените стратешки инвестиции кои се разгледуваат во Собранието се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владините одуки за таканаречените стратешки инвестиции кои се разгледуваат во Собранието се невалидни, предупредува Здружението на инженери на Македонија.

Оттаму објаснуваат дека  според Законот за стратешки инвестиции одлуките мора да бидат донесени од актуелниот премиер, заменик премиер и министри од економските ресори, а она што е испратено во законодавниот дом е старо три и пол години напишано и потпишано уште додека Зоран Заев седел во фотелјата на Илинденска.

Извадок од писмо на инжењерите на Македoнија

Реклама

До денот на усвојувањето на предлозите на Комисијата од страна на Владата, во Службен весник не е објавено ново Решение за именување постојаните членови на Комисија за стратешки инвестициони проекти со кое ќе се поништи Решението донесено на седницата на Владата на на 22 септември 2020 година, велат од Здружението на инжењерите на Македoнија

Но, ова можеби е најмалиот пропуст и кршење на постоечката правна рамка кога станува збор за инвестициите за Соларна електрична централа – Пехчево, Соларен парк – Стипион и Аим грин.

Најспорна е изградбата на гасна централа од страна на грчки Митилинеос, за неа негативно мислење имаат дадено и Антикорупциската и Антимонополската комисија, а Државниот Правобранител кои исто така треба да се произнесе со недели не одговора на нашите прашања, па дури изрази и сомнеж дали навистина сме биле новинари.

Македонија  се обврзува речиси на се што побарала грчката компанија . Според договорот на Митилинеос им се овозможуваат поволности кои ги прават поконкурентни од сите други. Не само што треба да им дадеме диреткна државна помош од 50 милиони евра, народни пари, туку сме обврзани да им купуваме загарантирано количество електричната енергија, но и загарантирано количество толината која доаѓа како нус појава од самото производство на струја, без оглед дали на пазарот ќе има потреба за тоа или не.