Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Владина делегација на средби во УНЕСКО: Потврдена определбата за спроведување на обврските за заштита на охридскиот регион

Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потврдена е определбата на Македонија за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, напиша на својот фејсбук профил вицепремиереот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска во Париз, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани.

Македонската владина делегација со која се и градоначалниците на Општина Охрид и Општина Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, оствари средби и со претседателот на 43. Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. 

-Разговаравме за значењето на УНЕСКО во современиот свет како единствена мултилатерална организација што промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите. Во фокусот на разговорите беше состојбата на охридскиот регион како природно и културно светско наследство, при што беше нагласена важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство. За време на средбите беше потврдена определбата на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на охридскиот регион, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на регионот, информира Николоски.

Реклама

Според Муцунски, станува збор за прва ваква средба со генералниот директор на УНЕСКО, на која фокусот бил ставен на охридскиот регион како природно и културно светско наследство.

-Ја нагласивме важноста од континуирана и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на неговиот статус на Листата на светско наследство.

Притоа, ја потврдивме определбата на државата за доследно спроведување на преземените обврски, како и подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните механизми, во насока на обезбедување долгорочна и одржлива заштита на охридскиот регион, нашиша Муцунски на својот фејсбук профил.