Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Владата со сериозни планови за раст на економија: Со помали даноци до повисоки плати за работниците

Преку намалување на даноците до повеќе инвестиции, подобра економија, поголеми плати за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку намалување на даноците до повеќе инвестиции, подобра економија, поголеми плати за работниците. Владата има сериозен план за да се обезбеди поволна деловна клима но и услови за забразан и одржлив раст на економијата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новата власт се стреми кон намалување на даноците, односно во прв план е намалување на данокот на добивка од 10 на пет проценти, но прво ќе треба да се види приходот во буџетот годинива, а потоа да се оди кон оваа реформа.

-Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка кој што се плаќа сега, и сите мултинационални компании кои што планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до пет проценти, до сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до пет проценти, изјави Мицкоски.

Помошта на домашните компании е една од главните цели на македонската Влада. Поради тоа секојдневно постои комуникација со бизнис секторот и стопанските комори. Мицкоски вели дека примарен приоритет е македонските компании да растат, бидејќи тоа ќе придонесе на раст и на сите други полиња.

Реклама

-Колку побрзо тие ќе растат и колку поробусно тие ќе растат, толку повеќе ќе има приходи и во самиот буџет, колку повеќе ќе има приходи во самиот буџет, толку повеќе ќе има инвестиции во образованието, здравството, повисоки пензии, повисоки плати, во земјоделието, во културата, во спортот, инфраструктурата итн итн. Како Влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите, изјави Мицкоски.

Првиот човек на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Менди Ќира изрази благодарност за оваа средба на која што се разговарало за важни теми за бизнисите во државава, како што е најавената помош од 250 милиони евра за македонските компании. Вели кај бизнис секторот постои радост што во првиот месец од владеењето на новата власт стопанството е еден од главните приоретети.

Матеја Петровски