Реклама
Прилози

Владата со јасна цел и амбиција: Украденото да се врати кај народот, криминалот повеќе е неисплатлив

Украденото да се врати кај народот, криминалот станува неисплатлив, повеќе нема недопирливи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украденото да се врати кај народот, криминалот станува неисплатлив, повеќе нема недопирливи. Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка и ова е само почеток, порача премиерот Христијан Мицкоски од конститувната седница на националниот свет за финансиски истраги и конфискација на имот.

Сите кои огрешиле пред законот, ќе одговараат, а она кое што противправно станало нивна сопственост, ќе биде конфискувано од државата. Според него ова тело не е формалност туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот. Вели борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика, за која е потребно јакнење на судството и обвинителството, како кадровски, така и функционално.

-Само силно, независно и професионално судство и Обвинителство, можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде бавна, ниту селективна, туку ефикасна и правична. Јас сум за засилена во борбата против корупцијата, но борбата не завршува со кривична, борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнат имот, затоа што криминалот не смее да се исплати, украденото мора да се врати кај народот, изјави Мицкоски.

Реклама

Во текот на минатата 2025-та, прва цела година од мандатот на актуелната Влада, забележливо и е драстично поактивно работење на Фианиската полиција. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека тоа го покжауваат и бројот на отворени, но и завршени истраги.

-Од девет финансиски истраги во 2022-ра година, 17 во 2023-та година, 10 истраги во 2024-та година, веќе во 2025-та се направи јасен исчекор. Отпочнати се 58 финансиски истраги, со опфат на околу 400 физички лица и 95 правни лица, од нив 33 истраги веќе се завршени а останатите се во тек, изјави Димитриеска Кочоска.

Евромбасадорот Михалис Рокас порача дека борбата со криминалот и корупцијата и заплената на она што е противзаконски стекнато е една од најважните цели кои државава мора да ги исполни на патот кон Евроспката Унија.

-Во 2025-тата донесовме внатрешна стратегија, во која што ќе се нагласува следењето на парите за да се бориме со организираниот криминал и тероризмот. Исто така, Европската Унија и нејзините служби ја препознаваат важноста, на конфинскацијата на приносите од криминалот, изјави Рокас.

Со Националниот совет ќе претседава вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој порача дека ова тело ќе треба да даде силна политичка поддршка на надлежните поактивно да влезат во борбата со криминалот и корупцијата.

-Нашата заедничка цел е јасна, да обезбедиме криминалот да генерира профит и незаконски стекнатиот имот да се врати во служба на јавниот интерес. Тоа не претставува само законска обврска или барање од Брисел, туку е услов за довербата на граѓаните во државните институции, изјави Фетаи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство што надлежните конечно почнале да ја работат својата работа, а бројките покажуваат дека има и резултати.

-Принципот следи ги парите, постепено станува стандард, а не исклучок. Успешноста на овој процес, влијае врз зголемување на довербата на јавноста во Владата и нејзините институции, како и пренесување на пораката дека криминалот не е исплатлив, изјави Тошковски.

Стратегијата на Владата во овој сегмент за 2025-та – 2028ма година, јасно дефинира три приоритети за делување. Прво пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотна корист, како во земјава, така и во странство. Второ него привремено обезбедување и конфискација, брзо ефикасно и во согласност со законот, без манипулации, оддолговлекувања и злоупотреби. И трето ефикасно постапување со одземениот и конфискуван имот, вклучително и неговата употреба за социјални цели.

Матеја Петровски