Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Владата се фати во клинч со најбоолната точка – здравството: Реновирањето на“8-ми Септември” е само почеток

Владата се фати за најболната точка во Македонија – јавното здравство.Полека но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се фати за најболната точка во Македонија – јавното здравство.Полека но сигурно, ќе се лекуваат рак раните кои со години се таложеле во здравствениот систем. Лекарската фела ја поздравува големата најавена инвестиција за реконструкција на ГОБ “8-ми Септември” и реновирањето на КАРИЛ тоа ќе од голем бенефит како за пациентите така и за здравствените работници – оценуваат докторите. Според претседателката на Здружението на приватни лекари, со вложување во здравството Македонија ќе има поздрава нација и позадоволни бели мантили.

“Мора да се инвестира во здравството и во здравствениот кадар мора да имаме болници кои ќе работат 24 часа, бидејќи на терен сликата е катастрофална.Тргнувам од Велес имаме по еден специјалист на одделение, втора и трета смена тешко…еден човек не може да го издржи тоа.Мора да има болници кои во секое време ќе има човек кој може да оперира рутинска операција како слепо црево…и за пациент за тромб да се направи отстранување на тоа.Ова е за поздравување и мора да се мисли дали овие празни болници ќе ги правиме ургентни центри или старечки домови за да се искористат капацитетите” – вели д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Очекувањата на докторите се дека со проширувањето на капацитетите во хирушките оддели, но и набавка на нова современа апаратура во болницата “8 септември” пациентите нема да чекаат со месеци за термини за интервенции и дијагностика.

Реклама

Градската болница „8 Септември“ по повеќе од 80 години ќе биде реконтруирана. Проектот ќе чини 12 милиони евра, и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи а парите се обезбедени од ТАВ проект.

Инаку, изминатите седум години здравството тотално потона, а пациентите го плаќаа тоа со своето здравје и живот.Претходната власт не остави ниту еден белег за подобрување на оваа гранка. Наместо инвестиции, вработувања и повисоки плати во јавното здравство – јавноста сведоше на запалена модуларна болница, фекалии во болничките соби и изгубени животи поради лоши услови и немање кадар.