Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Владата разгледува повеќе мерки за помош на граѓаните и бизнисите – ќе бидат воведени ако нафтата продолжи да поскапува

Намалување на акцизите, трошоците за складиштење и за транспорт. Ова се дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Намалување на акцизите, трошоците за складиштење и за транспорт. Ова се дел од лепезата мерки за помош на граѓаните и бизнисите, кои ги анализира Владата и планира да ги воведе ако цената на горивата продолжи да расте.

Премиерот најави дека секојдневно се следи ситуацијата и ќе се реагира согласно потребите, но и дека уште е рано да се прогнозира каква одлука ќе донесе Регулаторната Комисија за енергетика во понеделник.

„Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следи ќе интервенираме. Доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Реклама

Активно се контролираат и маркетите и продавниците. Премиерот информира дека државниот пазарен инспекторат на терен ги чешла трговците со 30 тимови на инспектори кои проверуваат дали цените неосновано се зголемуваат и дали се трупаат залихи по стари цени за да се продаваат поскапо. Граѓаните претходно алармираа дека од стартот на кризата на Блискиот Исток, поскапеа јајцата, маслото за јадење и сувомеснатите производи.

„Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека различни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално таму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување ќе делуваме како Влада“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку, и аналитичарите и препорачаа на Владата да внимава кога ќе воведе нови мерки против поскапувањата, бидејќи тоа ќе значи и пониски приходи во државната каса. Тие сметаат дека мерките треба да вклучуваат намалување на акцизите кои изнесуваат 22 денари за бензините и 15,5 денари за литар дизел, како и помош за најранливите категории граѓани кои се и најмногу погодени од растот на цените. Цената на Брент нафтата на светските берзи варира зависно од воените случувања на Блискиот Исток. Во моментов изнесува 111 долари за барел, што е за 8 долари поскапо од пред една недела, кога владата одлучи да го намали ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти.