Без професионална јавна администрација Македонија не може да напредува во евроинтегративниот процес. Реформата во државните иниституции е една од главните цели на Владата. Министерот Горан Минчев порача дека граѓаните можат да бидат сигурни дека во иднина администрацијата ќе биде поотчетна, поодговорна, поискусна и навистина ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под нечиј личен или партиски диктат.
-Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во пристапното парнтерство и важен предуслов во процесот на европската интеграција на нашата држава. Свесни сме сите за важноста на реформата во јавната администрација, која согласно новата методологија за пристапни преговори за прв пат конректно се дефинира како област која е опфатена со процесот, изјави Минчев.
Минчев вели дека Владата конечно ја потврдува силната политичка посветеност за вистинска реформа во јавната администрација, а активностите се Стагетијата со Акциоскиот план 2023-та- 2030 година.

Министерството за јавна администрација, согласно нашите надлежности и приоритети активно работи на неколку клучни реформски процеси со цел да ја зајакнаме стручноста, отчетноста, но и најважно од се функционалноста на јавната администрација, но исто така да изградиме и еден институционален систем што треба да преставува еден вистински систем на граѓаните, изјави Минчев.
Дека се потребни реформи на кои се работи, нагласи и амбасадорот на Словачка во Македонија Хенрик Маркуш. Порача дека држававата во овој сегмент сериозна помош треба да има од Националната конвенција за ЕУ.
-Сега е важно да не се откажувате, мислам, односно сигурен дека вие ќе продолжите со вашата добра работа. Вашата работа е важна бидејќи носител на реформите, вие ќе им помагате на сите институции, на Владата да ги спроведуваат своите реформи, изјави Маркуш.
Минчев вели дека за разлика од претходно, сега сите конкурси се јавни и транспарентни, објавени на единствена електронска платформа. Селекцијата е дигитализирана и автоматизирана, со бодирање според објективни критериуми за стручност, работно искуство, лични и технички компетенции. Секој кандидат има право на увид во своето бодирање, како и можност за приговор и ревизија на резултатите, со прецизно дефинирани рокови.
Матеја Петровски

