Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Владата предвидува сет мерки за соочување со падот на наталитетот, вклучувајќи и бесплатни ин витро процедури

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Фертилитетната рецесија во Македонија трае повеќе од десет години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Фертилитетната рецесија во Македонија трае повеќе од десет години и се одразува со пад на наталитетот.

Време е да се препознае овој предизвик, со цел да се бараат решенија кои ќе ја вратат надежта на Македонија.

Реклама

Во 2016 година, Македонија броеше 23.000 новородени деца, а во 2024 година само 16.737.

Тоа значи дека во 2024 година се родиле околу 9.000 деца помалку, што изнесува пад од 30% за само 8 години.

Ова не е само статистика, ова е факт.

Ова не е проблем само за идните генерации. Ова е проблем кој се случува сега во моментов.

За статистиките на морталитет пак, може да се каже дека се уште попоразителни. Со оглед на тоа што починале 20.187 луѓе во 2024 година.

Ова значи дека во 2024 година поголем е бројот на луѓе што починале, изнесува 3.500, отколку луѓе што се родиле.

Ако се погледне ситуацијата од 1950 година, каде стапката на фертилитет била 5.7, денес е едвај 1.5.

За обнова на населението потребен е минимум 2.1, а Македонија се наоѓа под тој праг.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, предвидува сет мерки, за да се соочи со овој демографски предизвик.

Се предвидуваат шест бесплатни ин витро процедури, како и финансиска стимулација за прво и второ дете.

Исто така, се предвидува ослободување од персонален данок на доход за мајките, како една година за прво дете, две за второ, а за трето и повеќе секоја година да биде ослободена, се додека првото дете не стане полнолетно.

Многу од државите во светот веќе воведуваат мерки, ги мобилизираат своите економии, и ги менуваат политиките и наративите за семејството.

Време е и Македонија да направи чекор напред.

Време е за вистинска дебата. Мора да се зборува јавно за ова и да не се бега од проблемот.

И не само како политичка тема туку како приоритет.

Со поддршка на младите, со подобри услови за родителите и со јасни политики што се од вистинска помош.“