Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Владата повторно излезе во пресрет: Бесплатен автобуски превоз за студентите со пренамена на средства

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Мицкоски оваа најава ја соопшти од Црешево во Општина Гази Баба, каде присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала.

– Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната Влада не ги предвидела овие средства нити потпишала договор, мислам дека се тоа 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Се што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме, граѓаните не смеат да трпат. Во рамките на нашите ингеренции се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции, бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има пренамена на средства.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје вчера испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.