Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем, вели Мицкоски

Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем – вели премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем – вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајчи на изградбата на интерконекторите. Очекува веќе следната недела да почне и изградбата на северниот интерконектор. 

– Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, тука мислам на системот на МЕПСО. Знаете дека се рестартира повторно изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат и внатрешните рингови да се реновираат, реконструираат и да се зголемува капацитетот. ​Истовремено, во енергетиката продолжуваме со инвестиција во гасните интерконектори со Грција и очекувам веќе следната недела, откако се прибавени сите мислења, да почне изградбата на северниот интерконектор – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по настанот за почнување на Пазарот за електична енергија во тековниот ден.

Потенцира дека го пуштиле нафтоводот со соседна Грција, со што, како што рече, практично рафинеријата „Окта“ е директно поврзана со солунското пристаниште.

Реклама

– Се работи на уште многу, многу други проекти, кои значат подобар систем. Еден од тие е и овој денеска, кој претставува историски чекор напред – рече премиерот Мицкоски.