Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Владата обездбедува фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години и 250 евра за секој студент

Двесте и педесет евра за електронски уреди за секој студент и 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двесте и педесет евра за електронски уреди за секој студент и 10 милиони евра за развој на бизнисот за млади. Секој млад човек од 18 до 29 години ќе може да аплицира со проект и ќе добие од 1000 до 30.000 евра за да почне свој бизнис.

Владата преку мерки ќе ги поддржува младите кои се моторот на општеството и иднината на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски, на 33 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ порача дека вложувањето во образованието и во младите е клучот за развој на едно општество.  

„Владата ќе потроши со новиот буџет кој што е во изработка ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти во Македонија. Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнисот за млади од 18 до 29 години со новиот Буџет“, рече претседателот на владата на Македонија Христијан Мицкоски.

Реклама

Парите за сопствен бизнис ќе се доделуваат во зависност од бизнис планот, а за тоа како и дали истите ќе завршат на вистинско место под строги критериуми ќе оценува комисија која ќе биде формирана и ќе има претставници од повеќе институции. Мицкоски им порача на младите дека повеќе нема простор за изговори и дека Македонија мора да успее. 

„ Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа. Ние сме тука за вас и се што треба ќе направиме да останете тука и да ја продолжите приказната за Македонија. Да ѝ го продолжите животот. Затоа што јас знам дека, таа не се само дрвата, планините, езерата, реките и културните знаменитости. Таа се нејзините луѓе и без луѓе за бадијала е се. Затоа тука сме и оваа е само почеток. Нема веќе време за изговори и за плукање на минатото“, рече Мицкоски.

Мицкоски им вети на младите поинаков свет, од овој кој сега го живеат. Вети дека ќе ја направи Македонија онаква за каква што мечтаеле голем број генерации пред нив и дека сега е дојдено времето за промени и создавање на општество во кое тие ќе просперираат. Мицкоски им се обрати и на скептиците, за кои рече дека секогаш имале нешто да кажат, дека Македонија ќе успее токму заради младите, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.

Љубиша Владимиров