Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

Владата на средба со синдикатите, правата на работниците ќе се унапредуваат

Времените вработувања да траат максимум од шест до девет месеци и потоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времените вработувања да траат максимум од шест до девет месеци и потоа работникот да добие договор на неопределено, зголемување на платите – ова се дел од барањата на синдикалците кои денеска ги примија заменик министрите за економија и труд и за социјална работа. Конфедерацијата на сојузот на синдикати побара од членовите на извршната власт конечно да се донесе законот за работни односи за кој изминатите 7 години добиваа само празни ветувања.

Болно за работниците е, но се надевам дека оваа влада ќе го донесе законот за работни односи, кој седум години никако да го донесеме со претходната влада. Тоа е едно болно прашање, ги ислушавме работодавачите, како отпуштаат работници и кога работниците се вработуваат, посебно за приватниот сектор, со времени вработувања на три месеци или шест, договори до бескрај, со таквиот третман, работникот не се осеќа сигурен“, изјави

Владата ќе продолжи да се грижи за работничките права, ветија замениците министри Ристевски и Велковски. Но, со реални економски мерки, и без ад-хок решенија како во минатото .

Реклама

„Она што го ветивме и претходно, пред да ја земеме надлежноста, ќе продолжиме и понатаму да го реализираме, а тоа е транспарентност, транспарентно работење, еден социјален дијалог на високо ниво, со синдикатите во Македонија, со работодавачите, со стопанските комори и градење на едни реални политики на една реална основа“, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.

„После економско социјалниот совет кој се одржа пред неколку недели, веќе влеговме во преговори, по однос на областите каде ќе интервенираме, како влада, прво беше точка на дневен ред образованието, каде што веќе се дефинирани веќе нели, оние покачувања што ќе се случат веќе во четири години од денеска, по проценти кои што ги најави и премиерот“, изјави заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Инаку Ресорот труд за неколку дена ќе премине во Министерството за економија. Велковски рече дека и покрај одвојувањето на ресорот, министерствата се една нераскинлива врска и дека тие и во иднина ќе настапуваат заеднички како Влада.

Љубиша Владимиров