Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Владата на СДСМ и ДУИ не испланирала средства за одбележување на меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Ја коспонзорираа резолуцијата за геноцидот во Сребреница, а одбелжувањето на денот ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја коспонзорираа резолуцијата за геноцидот во Сребреница, а одбелжувањето на денот ниту го ставиле во годишната програма ниту го предвиделе во буџетот.

Бујар Османи кој на своја рака, без консултации, ја туркаше резолуцијата во Обединетите Нации не направил ништо дополнително. Негрижата на власта на СДСМ и ДУИ сега ги остави жртвите од Сребреница и нивните семејства во заборав.

Од Министерството за односи меѓу заедниците, со кое до неодамна раководеше Артан Груби, велат дека во програмата што ја наследиле, ниту е наведено одбележување на овој ден, ниту се издвоени финансиски средства.

Реклама

„Нема никаква сериозно образложена програма за работа на Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, а согласно буџетот предвидени се само средства за финансирање на обележувањето на 13 август – потпишувањето на Рамковниот договор, во висина од 6.000.000 денари и за обележување на Денот на албанската азбука – 28 Ноември, за кој се предвидени средства во висина од 3.800.000 денари во буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците“, велат од Министерството за односи меѓу заедниците

Македонија ја коспонзорираше сега веќе усвоената Резолуција на ОН со која 11-ти јули се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификација на воените злосторници.

Од македонските дипломатските кругови уште тогаш сугерираа дека е спротивно на македонските државни и национални интереси, да се биде коспонзор, непосредно пред претседателските и парламентарните избори и дека повеќе станува збор за мобилизирање на албанското гласачко тело за одредени политички партии.

Резолуцијата беше на предлог на Босна и Херцеговина, коспонзорирана инцијално од САД и Германија. Истата пред Генералното собрание на ОН беше претставена на 17 април, а се гласаше на 2 мај годинава.

Македонија беше една од 84 земји кои гласаа ЗА оваа резолуција. Инаку геноцидот во Сребреница, се случи во јули 1995 година, во кој беа убиени повеќе од 8000 Бошњаци.

Љубиша Владимиров