Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Владата на предлог на МЕТ, донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците

Владата на Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд (МЕТ),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд (МЕТ), во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона.

Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на Министерството за економија и труд во соработка со Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените на ѓубривата на домашниот пазар во трговијата на големо и трговијата на мало во периодот февруари-април 2026 годинана и за движењето на увозните цени на ѓубрива во периодот јануари-април 2026 година.

Со првата одлука се утврдуваат посебни услови за трговија со неоргански, органски и органо-минерални ѓубрива, како и биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата. Истовремено, се воведува ограничување на бруто профитните маржи во целиот трговски синџир.

Реклама

Максималната маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на:

• до 5% во трговијата на големо

• до 5% во трговијата на мало

За останатите видови ѓубрива и сродни производи, маржите се ограничуваат на:

• до 10% во трговијата на големо

• до 10% во трговијата на мало

Дополнително, трговците се задолжуваат да обезбедат континуирана достапност на овие производи, односно да продаваат најмалку 70% од просечните месечни количини, со што се спречува создавање вештачки недостиг на пазарот.

Со втората одлука, Владата утврди и директна мерка за намалување на цените на постојните количини на неоргански ѓубрива во трговијата на големо набавени до 15 април 2026 година..

Имено, највисоките цени се фиксираат на нивото од 15 април 2026 година, намалени за 10% само за количините на ѓубрива набавени до 15 април 2026 година, и ќе важат до целосно исцрпување на истите.

Овие мерки имаат за спречување на ценовни шокови, заштита на домашното земјоделско производство, обезбедување фер услови на пазарот како и навремено снабдување на земјоделците со неопходни репроматеријали.

Одлуките стапуваат во сила со денот на објавување во „Службен весник на Македонија“, при што мерките за ограничување на маржите ќе се применуваат до 31 мај 2026 година.