Реклама

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Економија

Владата најави крупни инфраструктурни проекти за Источна Македонија

Источниот регион конечно ќе добие нова и современа патна инфраструктура. Експресниот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Источниот регион конечно ќе добие нова и современа патна инфраструктура. Експресниот пат Кочани-Виница-Делчево, кој со години беше само ветување, влегува во фаза на реализација. Наредната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија, со што почнуваат активностите за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за Истокот.

„Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити-студија на предпроектно решение, со што отпочнуваме со реализација на овој проект. Тоа е процес од неколку месеци, а потоа, со средства од Буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции, ќе биде објавен тендер за реализација по принципот „Жолт ФИДИК“ на овој проект, којшто ќе биде многу значаен, којшто е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Крајниот Исток дополнително раздвижување, како економско, така и туристичко, се очекува да добие и со отворањето на граничниот премин Клепало, со кој Македонија со Бугарија ќе се поврзе кај Берово. Според надлежните, македонската страна целосно ги завршила сите свои обврски во координација со институциите кои се вклучени во реализацијата на проектот – Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите институции поврзани со граничниот премин.

Реклама

„Од наша страна сè е завршено. Проблемот беше на бугарска страна. Морам да кажам дека претходниот министер за транспорт и вицепремиер на Бугарија, Гроздан Караџов, го задвижи проектот и се надевам дека со изборот на нов министер дополнително ќе се реализира и ќе можеме да се поврземе од двете страни“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Николоски зборуваше и за можноста авиокомпанијата „Рајанер“ да влезе во Македонија. Тој смета дека нивните барања во врска со субвенциите и опслужувањето на нивните авиони имаат уценувачки пристап и дека може само да создадат проблеми со останатите авиокомпании.

„Барањето е приоритетно да се опслужуваат нивните авиони, барањето е да не се користат никакви услуги на Скопскиот и Охридскиот аеродром, дури имаат и сопствени скали во рамки на авионите, а барањето е да ги откажеме дел од дестинациите кои сега ги работат други авиокомпании. Мислам дека тоа е уценувачки пристап“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Дополнителен импулс за Источниот регион се очекува да донесат капиталните инвестиции – изградбата на новата Клиничка болница во Штип, нов објект за Факултетот за медицински науки и нов студентски дом. Премиерот посочи дека веќе се собрани понудите за финансирање, а во текот на наредната недела ќе се одржат клучни состаноци со министрите за финансии и здравство.