Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Прилози

Владата инвестира во образованието, се градат нови училишта и факултети

Во Македонија во моментов се градат седум нови училишта, а неколку се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија во моментов се градат седум нови училишта, а неколку се реновираат. Наскоро ќе започне обнова и на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека образованието е еден од главните фокуси на Владата и најави изградба на кампус на универзитетот „Мајка Тереза“ и конечно довршување на зградите на факултетите „ФИНКИ“ и „ФФК“ кои со години стојат во фаза на крабина.

Апсолутно, образованието е наш главен фокус и наша главна цел, во моментот се градат седум училишта, уште неколку се реконструираат. Продолжуваме да инвестираме во образованието. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме реевалуација на проектите коишто се поврзани со изградба на зградите на двата факултета ФИНКИ и ФФК. Општествена одговорна компанија, ќе го донира реконструирањето на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и набргу таа донација ќе биде ставена на двенен ред на советот во општина Тетово“, изјави Христијан Мицкоски премиерот на Македонија.

Ќе се инвестира и во други локални проекти – од обнова на патишта и улици преку изградба на водоводи и канализации до формирање паркови и спротски терени. Сето ова ќе биде финансирано преку вториот дел од унгарскиот кредит кој веќе е ставен на располагање на општините. Досега има пристигнато над 300 апликции.

Реклама

Повеќе од 338, 340 веќе проекти се стигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли и 400, зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра, без оние средства кои што отидоа преку Министерството за транспорт“, изјави Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Останатите пари од унгарскиот заем беа искористени за враќање на долгови од претходната власт, но и за да се обезбедат 250 милиони евра поволни кредити за стопанството кое парите ги добива по каматна стапка од само 1.95%.