Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Владата ќе им оневозможи пристап на македонските медиуми, продукциски куќи и филмската индустрија до европски пари

Македонските медиуми, продукциски куќи и филмската индустрија ќе останат без пристап до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските медиуми, продукциски куќи и филмската индустрија ќе останат без пристап до европски пари, затоа што Владата не ги почитува законите кои самата ги предлага. Програмата на Европската Uнија, наречена „Креативна Европа“, со буџет од 2,5 милијарди евра, е недостапна за Македонија.

Поранешната директорка на Агенција за Филм, Мими Ѓоргоска, вели дека причината е неодговорноста на Министерствата за информатичко општество и за култура.

  • „Ова всушност е уште еден пример на непочитување на законските регулативи, што е пракса на оваа влада. Алармантен е моментот што не само што не ги почитува сопствените законски решенија, туку во континуитет нема сеопфатна хармонизација ниту со меѓународни договори, ниту со европските директиви на кои сме се обврзале.“ – Изјави Ѓоргоска.

Таа додава дека нема да имаме пристап ниту до под-програмата „Медија“, поради неусогласеност на законите. Вели дека Владата знаела за роковите на кои се обврзала, но, сепак, не ги испочитувала, иако надлежните министерства имале време од неколку години за тоа да го направат.

Реклама
  • Беа запознаени дека имаат временска рамка за усогласување, сепак тие не пристапија сериозно кон своите обврски. Токму заради тоа, сега доаѓаме во оваа ситуација, каде што нашето законодавство не е усогласено со европските директиви и доведена е во опасност функционирањето на една многу значајна програма“ – Појаснува Ѓоргоска

Инаку, од земјите во регионот, во програмата „Креативна Евопа“ учествуваат и Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Поради непочитување на законите, тужби до министерството за информатичко општество, најавија од агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиусмки. Оттаму велат дека со години Владата односно Министерството за информатичко општество не им ги исплаќа законски утврдените средства, дека со месеци укажувале на тоа, но попусто.

Тужба подготвува и јавниот сервис, Македонска радио телевизија, бидејќи средствата што им биле скратени се многу повисоки и од оние на Агенцијата.

Никола Цветкоски