Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство 

Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.

Донесувањето на овој закон, како што соопштија од владината прес-служба, претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

-Со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител на Македонија, со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет, велат од Владата.

Реклама

Дополнително, како што се наведува во соопштението, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се воведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одговорност на самите јавни обвинители.

Според Владата, на овој начин се зајакнува довербата на граѓаните во институциите и се воспоставува појасна одговорност во работењето на обвинителството.

-Владата останува цврсто посветена на реформите во правосудството како приоритет од највисок јавен интерес и како неопходен предуслов за напредокот на државата на европскиот пат. Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство е конкретен доказ за определбата да се градат силни, независни и професионални институции, во служба на граѓаните и владеењето на правото, се наведува во соопштението од владината прес-служба.